Со по еден натпревар во двете конкуренции (жени и мажи) денеска започнува четвртфиналната рунда, по групи, во ракометниот Куп на Македонија.
Трофеите ги бранат екипите на Куманово кај дамите и Вардар во машка конкуренција. Екипите се поделени во четири групи од кои само победниците ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“ турнир во мај месец.
Првиот денешен натпревар ќе се игра во рамките на групата 1 во женска конкуренција, а минатогодишните победнички во Купот, ракометарките на Куманово за противник ја имаат екипата на Стружанка.
Во третата група од машката конкуренција, во салата „Македонско Сонце во Скопје“, во попладневниот термин (18.30 часот) ќе играат ракометарите на Пролет – Голден Арт.
Останатите натпревари ќе се играат во текот на викендот.
РАКОМЕТЕН КУП НА МАКЕДОНИЈА
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА – МАЖИ
Група 1 (Јасмин, Кавадарци) сабота 12.00 Е.ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ 14.00 ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС недела 18.00 ФИНАЛЕ | Група 2 (Автокоманда, Скопје) сабота 14.30 БУТЕЛ – СТРУГА 18.00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР Неготино недела 18.00 ФИНАЛЕ |
Група 3 петок (Македонско Сонце) 18.30 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ сабота (25-ти Мај, Радовиш) 18.00 РАДОВИШ – ВАРДАР Недела ??? ФИНАЛЕ | Група 4 (Билјанини извори, Охрид) сабота 10.30 ОХРИД – СКОПЈЕ 12.30 Е. ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО недела 19.30 ФИНАЛЕ |
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА – ЖЕНИ
Група 1 петок 14.30 КУМАНОВО – СТРУЖАНКА сабота 19.30 СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ А. недела ??? ФИНАЛЕ | Група 2 Сабота 12.00 АСТИБО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ слободен ЧАИР недела 15.00 ФИНАЛЕ |
Група 3 петок 18.30 ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР сабота 12.00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА недела ??? ФИНАЛЕ | Група 4 сабота 15.30 СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Слободен ПЕЛИСТЕР недела ??? ФИНАЛЕ |