Избраниците на Унаи Емери извлекоа бод на гостувањето во Лондон против Вест Хем – 1:1.
Микел Антонио беше стрелец на првиот погодок на натпреварот во 29-тата минута по одличното нафрлување на Владимир Цоуфал со што „чекичарите“ поведоа со 1:0.
Истиот играч на самиот старт на второто полувреме го постигна и својот втор погодок. Но, по сигнализација од Вар собата голот беше поништен поради игра со рака.
Нововлезениот играч во редовите на Астон Вила, Николо Заниоло искочи херојот на гостите. Тој во 79-тата минута прекрасно погоди за 1:1 и му обезбеди бод на својот тим.
Во самиот финиш Вест Хем постигна гол што значеше и победа за домаќинот. Но, по контроверзна одлука од ВАР собата тој гол повторно поради игра со рака беше поништен.
Астон Вила со овој бод останува четврта со 56 освоени бодови, 7 помалку од третопласираниот Манчестер Сити кој има натпревар помалку и 3 повеќе од петто пласираниот Тотенхем.