Ракометарките на Металург Автокоманда важна победа над Чаир во дербито од 17-тото коло на женската Супер лига. Тимот на Металург Автокоманда славеше над Чаир со 27-25 и се проби на второто место на табелата.
Како и што се очекуваше, натпреварот мина во доста израмнета игра. Ниту еден од тимовите не успеа да направи поголема предност. Во првиот дел гостинките имаа +3 (6-9). Сепак, на одмор домашниот тим беше оној што замина со предност од два гола (13-11).
Иста слика и во второто полувреме, во кое израмнето беше се до завршните пет минути (22-22). Во финишот Металург постигна пет, а прими три гола, па заслужено се радуваше на победа со конечни 27-25.
Теодора Гулицоска со 9 гола беше најефикасната ракометарка на натпреварот и во победничката екипа за која 4 гола постигна Марија Гугуљанова. Во редовите на Чаир, Теодора Дукоска постигна 8, а Стефанија Ѓеоргиевска 6 голови.
Со 12-тата победа на последните 13 натпревари Металург сега е на второто место на табелата со 43 бодови колку што има и Чаир за кој ова беше прв пораз по низата од девет победи едно по друго.