Во женската ракометна Супер лига денеска ќе се играат четири натпревари од 17-тото коло. Во ова коло дербито ќе се играат екипите на Чаир и Металург Автокоманда.

Ова е дуел на второ и четврто пласираните екипи на табелата, кои ги делат само три бода. На првиот меѓусебен натпревар сезонава, чаирчанки славеа со 29:23. Тоа беше и последниот пораз кој го претрпеа ракометарките на Металург.

Од тогаш тие имаа низа од 11 победи едно по друго, се до минатото коло која одиграа нерешено на гостувањето кај шампионот Ѓорче Петров. Екипата на Чаир пак, ќе се обиде да ја продолжи победничката серија која во моментов е девет натпревари во едно по друго.

Денешното дерби меѓу Металург Автокоманда – Чаир што ќе се игра во спортската сала Автокоманда ќе почне од 13 часот. Правдата на овој натпревар ќе ја судат судиите Колевски Ѓоко и Кркалев Сашо.

Во текот на денот освен дербито ќе се одиграат уште три натпревари. Вардарки ќе го пречекаат тимот на Гевгелија, додека Астибо ќе се соочи со екипата на Шампион. Последниот натпревар ќе го одиграат екипите на Стружанка и Скопје во Струга.

Натпреварот од оваа рунда меѓу Ѓорче Петров и Спартак ќе биде одигран во друг термин, поради обврските на Ѓорче во Европскиот Куп.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 17.КОЛО
Недела

13.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЧАИР
15.30 ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА
16.30 АСТИБО – ШАМПИОН
19.30 СТРУЖАНКА – СКОПЈЕ
одиграно вчера (сабота)
ПЕЛИСТЕР 2012 – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 35 – 31
ДЕСПИНА – КУМАНОВО 23-24

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 46 бодови, Чаир 43, Куманово 42, Металург Автокоманда 40, Вардар 34…

Ивона Кимовска