Викендов ќе се одигра 16.коло од женската Супер лига. Оваа рунда не би требало да донесе изненадувања со оглед на тоа дека фаворитите имаат полесни противници.
Во текот на денешниот ден ќе се одиграат четири натпревари.
Екипата на Куманово гостува кај Шампион овој натпреварот ќе се одигра во салата ,,ФФОСЗ”. Екипата на Чаир која е на делба на второто месо на таблета, ќе го пречека тимот на Стружанка во салата ,,7-ми Март”.
Најинтересен се очекува да биде на натпреварот меѓу Спартак и Деспина. Прилепскиот тим се наоѓа на осмата позиција на табелата со 16 бода, додека Спартак е на 10-то место со 15 бода.
Вардарки за противник ова коло ја имаат екипата на Овче Поле СУ против кого ќе играат во Свети Николе.
Утре на програмата два натпревари. На првиот, тимот на Гевгелија е домаќин на Астибо, а во последниот ќе се сретнат Скопје и Пелистер.
Бранителот на титулата Ѓорче Петров и Металург натпреварот од 16 коло го одиграа во четвртокот, поради обврските на Ѓорчепетровки во ЕХФ Европскиот куп веќе в недела.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 16 КОЛО
Сабота
11:00 КУМАНОВО – ШАМПИОН
14:00 ЧАИР СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА
19:00 ДЕСПИНА – СПАРТАК
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР
недела
14:00 ГЕВГЕЛИЈА – АСТИБО
16:00 СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
одиграно во четвртокот
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 25-25
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 46 бодови, Металург Автокоманда 40, Чаир 40, Куманово 36, Вардар 31…
Ивона Кимовска