Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза во Купот на Македонија.

Екипите се поделени во четири групи во кои ќе бидат одиграни полуфинални и финални натпревари. Од нив, само победниците ќе обезбедат пласман на завршниот „фанјал-фор“ турнирот во мај.

Најинтересно се очекува да биде во третата група во која се екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид. Пред десетина дена, овие два тима одиграа интересен и неизвесен натпревар во Битола, кој го добија домаќините.

Во останатите три групи фаворитите не би требало да имаат проблеми за пласман во полуфиналето.

Натпреварите во четвртфиналните групи ќе се играат на 23 и 24 март, а двојките се:

РАКОМЕТ КУП НА МАКЕДОНИЈА (МАЖИ)
ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА

Група 1:
(1) Е.ПЕЛИСТЕР 2 – (4) ТИКВЕШ
(2) ПРИЛЕП – (3) МУЛТИ ЕСЕНС  
Група 2:
(1) БУТЕЛ – (4) СТРУГА
(2) АЛКАЛОИД – (3) ВАРДАР Неготино  
Група 3:
(1) ПРОЛЕТ – (4) ГОЛДЕН АРТ
(2) РАДОВИШ – (3) ВАРДАР    
Група 4:
(1) Е. ПЕЛИСТЕР – (4) КУМАНОВО
(2) СКОПЈЕ – (3) ОХРИД