Шампионот Еурофарм Пелистер и екипата на Охрид одиграа фантастичен натпревар во рамките од 3.коло на суперлигашката плејоф конкуренција. Дуелот во Битола беше решен во завршните две минути, а на победа се радуваа домаќините со 31-27.

Охриѓани беа за нијанса подобар противник 57.минути, а благодарение на расположениот Кизиќ на голот, Пелистер во финишот го скршни нивниот отпор.

Од самиот почеток на натпреварот гостите од Охрид ја преземаа контролата на резултатот и постојано водеа. Најголемата предност ј има во 18-тата минута кога водеа со три разлика (10-13). Пелистерци постојано ја бркаа негативата, а на полувреме се замина со израмнето 17-17.

И во второто полувреме иста слика. Битолчани за прв пат поведоа со 18-17, но, избраниците на Алушовски брзо возвратија со два гола за 18-19. Пелистер одново поведе со 20-19, по што гостите пак ја презедоа контролата на резултатот.

Во наредниот период шампионот постојано бркаше гол-два негатива. На истекот на 52-та минута имаа и шанса да поведат, но Радивојевиќ направи пробивање. Сепак, Србинот не ја пропушти втората можност, кога во 54.минута погоди од седмерец за водство од 26-25. Во завршните 100.секунди зелено-белите имаа и три гола предност (29-26), разлика која се покажа како решавачка. Охрид немаше сили да стигне до израмнување, па Пелистер славеше со конечни 31-27.

Голгетерски, натпреварот го одбележаа Филип Кузмановски со 9 кај Пелистер, а Гоце Ојлески со 7 за Охрид.

Пелистер останува на втората позиција на табелата со 11 бодови, еден помалку од лидерот Алкалоид, а Охрид е трет со 8 бода.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 3.КОЛО
денеска

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
вчера
ТИКЕШ – ВАРДАР 22-20
СТРУГА – АЛКАЛОИД 22-32
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ 20-18

ТАБЕЛА: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Вардар 6, Тиквеш 7, Пролет 3, Бутел 1 и Струга 0.