Ефикасен натпревар со четири постигнати гола и без победник понудија фудбалерите на Струга Трим Лум и Шкупи.

Дербито од 20.коло одиграно во Струга, заврши нерешено 2-2, а сите голови беа постигнати во вториот дел.

Домаќините имаа шанса да поведат уште во втората минута. Гостинскиот голман Иљази направи прекршок во својот шеснаесетник по што беше досуден пенал. Но, ударот од белата точка на Ибраими, Иљази успеа да го одбрани. Струга беше подобра и во продолжението, но без ефект, па на одмор се замина со почетните 0-0.

Офанзивата на стружани продолжи и во вториот дел. Се играше 54-тата минута кога по брзата акција Шбани погоди за водство на Струга од 1-0.

Гостите од Скопје брзо се вратија во игра и во 66-тата минута преку Гронер израмнија. Но, нивната радост траеше кратко бидејќи во 68.минута Радевски одново донесе предност на Струга (2-1).

Возбудувањата не престанаа тука. Се играше 74-тата минута кога фудбалерот од Руанда, Абдул Рватубаје од 17.метри биеше прецизно и втор пат го израмни резултатот (2-2).

Во 83-минута ударот на Радиќ со глава заврши во гредата од голот на гостите, а резултатот остана не променет. Така со конечни 2-2, двата тима освоија по еден бод. Затоа нема промени на врвот на табелата каде Шкупи останува прв со бод повеќе од Струга.

Останатите пет натпревари од ова 20-то коло ќе се играат утре.

ПРВА ЛИГА – 20.КОЛО
сабота

СТРУГА Т.Л. – ШКУПИ
недела (14 часот)
АП БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore