Ракометарите на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер рутински стигнаа до нова победа во рамките на Супер лигата плеј оф. Тие на гостувањето во скопската населба Бутел ја совладаа истоимената домашна екипа со 28:24 (15:12).

Домашниот тим беше конкурентен до 20.та минута на првиот дел – 9:9, а потоа битолчани се одлешија на три разлика (15:12). Во вториот дел избраниците на теренрот Бранислав Ангеловски без поголеми напори ја одржуваа предноста, а во еден момент имаа и + 5 (22:17), што се покажа како решавачко за победата.

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со 10 голови беше најефикасен на дуелот, додека Филип Субашевски кај Бутел постигна 6 голови.

Во вториот натпревар од денешната програма “езерското“ дерби го доби Охрид совладувајќи ја Струга.

Дербито на колото ќе се игра утре во Автокоманда, а денеска бе одиграни и два натпревари во плеј-аут конкуренцијата.

СУПЕР ЛИГА (мажи) ПЛЕЈ-ОФ 2.КОЛО
сабота
БУТЕЛ СКОПЈЕ – Е. ПЕЛИСТЕР 24-28
ОХРИД – СТРУГА 31-26
недела
19:15 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ
одиграно во петокот
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 32-18

РАКОМЕТ СУПЕР ЛИГА (мажи) ПЛЕЈ-АУТ 2.КОЛО
сабота
МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР НЕГОТИНО 25-27
ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – ПРИЛЕП 29-36
недела
18:00 Е. ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО