Во сенка на „Супер дербито“ во кое Еурофарм Пелистер го победи Вардар минаа останатите натпревари од 1.коло во плејофот.
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Бутел каде екипата на Охрид славеше минимална победа со 29:30.
Во неизвесниот натпревар, решавачки беше седмерецот за домаќините на 11.секунда пред крајот. Филип Николов кој со 0сум гола беше најефикасниот играч на Бутел, не успеа да погоди за израмнување. Неговиот удар од 7.местри го одбрани гостинскиот голман Бобан Ристевски.
Во Кавадарци, Тиквеш немаше проблеми против Струга и славеше убедливо со седум гола разлика.
Во воведниот меч на вториот дел на сезоната Алкалоид ја оствари 15-тата победа, совладувајќи го Пролет.
Екипата на Алкалоид остана лидер на табелата, сега пред шампионот Е. Пелистер, а Вардар падна на петата позиција зад Охрид и Тиквеш.
Во следното коло дербито ќе се игра во Автокоманда, каде на Алкалоид ќе му гостува Тиквеш.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) – 1.КОЛО
Сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 27:21
БУТЕЛ – ОХРИД 29:30
ТИКВЕШ – СТРУГА 32:25
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 17:22
ТАБЕЛА: Алкалоид 6 бодови, Еурофарм Пелистер 5, Охрид 5, Тиквеш 4, Вардар 3, Бутел 1, Пролет 0 и Струга 0.