Македонскиот женски ракометен првак Ѓорче Петров попладнево ќе го одигра реванш натпреварот во осминафиналето од Европскиот Куп. Ѓорчепетровки го има за противник го имаат чешкиот тим Кинжварт.
Во првиот дуел македонскиот шампион славеше победа со три гола разлика 32:29. Ѓорче на тој натпревар во поголемиот дел бркаше негатива, а отпорот на противничките го скрши во завршните 15-тина минути.
Трите гола предност и не гарантираат мирен реванш, па затоа македонските шампионки денеска ќе мора да го дадат максимумот.
Целта е јасна пласман во четвртфиналето со што на некој начин би се надминал резултатот од минатогодишниот настап во Европскиот куп.
Реваншот меѓу Кинжврт и Ѓорче Петров во терминот од 18 часот во сала „Локомотив Д-Продиукт арена“. Натпревар ќе го судат Украинците, Руслан Лошак и Анатолиј Новиков, а делегат Викторија Алпаидзе од Летонија.
Ивона Кимовска