Во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига, екипата на Кожув ангажира нов играч.
Станува збор за 25 годишниот центар Леонид Тодоровски.
Поранешниот младински репрезентативец ќе треба да ја засили конкуренцијата во играта под обрачите во составот на Боро Даскаловски.
Тодоровски изминатите сезонаипол го носеше дресот на Работнички, но не добиваше шанса и имаше мала минутажа. Претходно имаше одлиен настап во тимот на Академија ФМП.
Тодоровски во својата кариера ги носеше и дресовите на двата тима на МЗТ Скопје Аеродром, а беше и член на Куманово.
Со новиот тим, Леонид ќе има тешка задача. Имено Кожув е во групата на екипи кои се во долниот дел од табелата на 9.место, со бод помалку од Гостивар и во трка за позицијата што води во плејофот.
На стартот на вториот дел од сезоната гевгеличани в недела ќе му гостуваат на Охрид.