Младиот Лука Георгиев e ново име во редовите на струмичка Брера.

Станува збор за млад перспективен фудбалер кој во неколку наврати беше прогласуван за играч на колото во Втората македонска фудбалска лига, настапувајќи за Осогово.

Лука е роден на 18.05.2004 година. Со оглед дека со семејството живеел во Германија има настапувано за тамошни младински екипи. Лука беше дел и од проектот на Динамо Загреб ,,Животен натпревар“.

,, Среќен сум што од Осогово кој се натпреварува во Втората лига дојдов во Брера Струмица. Доаѓањето во овој клуб преставува императив за секој фудбалер, бидејќи зад овој проект стои и името на Горан Пандев и се дава простор и шанса на младите.

Ќе се обидам да дадам се од себе и секоја шанса што ќе ми биде дадена да ја оправдам. Се надевам дека и овде ќе постигнувам голови на задоволство на сите. Моите први впечатоци во Брера се позитивни пред се од приемот но и работата на стручниот штаб“, изјави Лука.