Во пресрет на вториот дел од сезоната во кошаркарското македонско првенство судиите в сабота ќе мора да присуствуваат на задолжителен семинар.
Семинарот ќе биде одржан на утре (сабота), во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од девет часот.
Присутните судии, делегати и делегат-контролори ќе бидат запознати со реализираните контроли во полусезоната кои ќе ги презентира Зоран Николовски и Блашко Клинчаров, членови на СККФСМ.
Свој осврт, однос анализа ќе има комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, додека нашиот ФИБА судија, Игор Митровски ќе одвои време за некои видео-ситуации од домашното првенство и протоколи за одредени ситуации.
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ НА СЕМИНАРОТ
13. ЈАНУАРИ (САБОТА)
– 09.00 – 09.55: Пристигнување и регистрација
– 10.00 – 10.20: Отворање на семинарот – Алија Феревски, Претседател СККФСМ
– 10.30 – 11.15: Осврт на контролите во полусезоната – Зоран Николовски, Блашко Клинчаров, членови на СККФСМ
– 11.30 – 12.15: Анализа на работата на делегатите во првата полусезона и очекувања од службените лица во втората полусезона – Александар Милојевиќ, комесар за натпреварување
– 12.15 – 12.55: Кафе пауза
– 13.00 – 14.00: Видео-ситуации од домашното првенство и протоколи за одредени ситуации – Игор Митровски, член на СККФСМ
– 14.00: Затворање на семинарот
*Локација: СЦ „Јане Сандански“ – Скопје (конференциска сала)