Во НБА лигата на програмата беа шест натпревари.
Натпреварот на вечерта се одигра во Оклахома каде домашниот тим на „Тандер“ ” славеше против Бостон со 127:123. Ова е петта последователна победа на Оклахома, но и најтешко меѓу нив. Имаа и речиси 20 поени предност домаќините, а „Селтикс“ се вратија на -2, но немаа сили за пресврт.
Шаи Гилиеус-Александер ја предводеше победничката екипа 36 поени, а најдобри поразените беше Кристапс Порзингис со 34 поени и десет скока, додека Џејсон Тејтум заврши со 30 поени, 13 скока и осум асистенции.
Џоел Ембиид се врати во Филаделфија и веднаш покажа колку и значи. Со седмиот трипл-дабл во кариерата го предводеше тимот до победата против Чикаго со 110:97. Ембиид постигна 31 поен, со 15 скока и 10 асистенции.
Одличен натпревар одигра и Стеф Кари кој со 36 поени беше предводник на Голден Стејт во победата над Орландо со 121:115. Така „Воините“ ја прекинаа низата од три порази.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Њу Орлеанс – Бруклин 112:85, Сакраменто – Шарлот 104:111 и Мемфис – Сан Антонио 106:98.