Најдобрата скијачка во светот Михаела Шифрин дојде до нова победа.
Таа беше најдобра на слаломот во австрискиот ски-центар Линц.
Американката, до својот 93-ти триумф во кариерата стига со вкупно време по двете трки од 1:48.75 .
Второто и третото место им пропаднаа на Германката, Лена Дир и Мишел Гисин од Швајцарија.
Шифрин е прва во генералниот поредок сега со 263 бодови повеќе од второ рангираната Федерика Брињоне која денеска остана без пласман уште по првата трка .