Кошаркарите се на заслужена новогодишна пауза, но екипите сеуште се активни.

На повидок е вистински бум во мак-баскетот.

Откако МКК Куманово го ангажира екс селекторот Марин Докузовски, а Маџари за прв тренер го има Перо Блажевски, сега о Ангели се екипираат.

Имено екипата од Кисела Вода го ангажира Златко Мокров за асистент на Игор Гацов.

Популарниот, Дуда, пак ќе соработува со Гацов со кој Академија ФМП ја внесоа во Првата лига. Морков ќе ја има и улогата на координатор на младинските екипи.

Но, дека во таборот на Ангели сериозно размислуваат за Првата лига е и следната информација.

Неофицијално, македонската легенда Врбица Стефанов ќе биде Спортски директор на клубот.

Воедно, покрај постоечкиот играчки кадар, клубот  работи на ангажирање на квалитетни играчи како и нови спонзори.

Ангели во соработка со агенцијата ,,Ист-Баскет” уште од сега размислува како до место меѓу двете најдобри кои ќе играат во Првата лига.