Божиќната вечер во НБА лигата мина во знакот на Лука Дончиќ. Словенецот уште еднаш го покажа сиот свој квалитет и шести пат во својата кариера постигна 50 поени. Тој го предвдеше Далас триумфот на Феникс од 128:114.

Тоа беше негов 12-ти натпревар од последните 13 што го заврши со 30 или повеќе поени. Со само 24 години Дончиќ стана седмиот играч што најбрзо стигнал до 10.000 поени.

До 18-от триумф во сезоната стигна и Мајами , кој беше подобар од Филаделфија 119:113.
Херој на „жешките„ беше Мексиканецот, Хамес Јакез Јуниор, кој постигна рекордни во кариерата 31 поен, а натпреварот го заврши со дабл-дабл, додавајќи десет .

Во Лос Анџелес „Лејкерси“ загубија од Бостон со 126:115.
Епитетот најдобар на натпреварот го понесе Летонеџот Кристипас Порзингис со дабл-дабл за „Селтиски“ постигнувајќи 28 поени и 11 скока. Кај поразените, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Ентони Дејвис кој постигна 40 поени