Салата „Градски парк“ е пред распаѓање. Но, за да се спаси, што може да се спаси, во нејзина реконструкција ќе бидат инвестирани речиси половина милион евра.
На денешната седница Владата на Р. Македонија донесе одлука да се пренаменат 30 милиони денари за реконструкција на салата „Градски парк“ во Скопје.
Со одлуката, се врши прераспределба на средствата од Буџетот за 2023 година, односно од Агенцијата за млади и спорт (АМС) кон Општина Центар.
Како што информираат од Владата, Агенцијата е задолжена да ги префрли средствата на посебна сметка на Општина Центар. Тие 30 милиони денари ќе бидат исклучиво наменети за реконструкција на спортската сала.
Во моментов некогашниот кошаркарски храм е во очајна ситуација. Секој дожд е причина за одложување на натпревар, како што тоа беше случај многупати до сега.
И не е само покривот проблем во салата, која своевремено беше пред тотално затварање.
Но, не е ниту сефте, за обид за нејзин спас. Своевремено неколкумина Градоначалници најавуваат и комплетно нов објект (сала) на постојното место.
Остана само проект на „Пауар поинт“, а реалноста е следна!!!