Репрезентацијата на Норвешка е првниот финалист на женското Светско првенство за ракометарки.  

Во првото полуфинале на Мундијалот, Норвежанките по голема драма ја победија домашната селекција на Данска и тоа по продолженија и со гол во последната секунда.

На дуелот во Хернинг, двете репрезентации понудија врвен ракомет. Во поривот дел подобриот беа домаќинките кои имаат и најголеми шест голови разлика, за на паузата да заминат со +5 (14-9). Сепак светските шампионки одиграа фантастично второ полувреме во кое ја надополнија негативата и се изборија за продолженија (23-23). 

Во нив повеќе нерви, концентрација, па и среќа имаа ракометарките на Норвешка, односно неверојатната Хени Реистад. Таа со својот 15-ти гол и тоа во последната секунда ја одведе Норвешка во ново финале. 

Кој ќе биде противник на Норвешка во финалето закажано за во недела ќе дознаеме вечерва. 

Имено, од 21 часот на програмата е второто полуфинален во кое ќе играат олимписките шампионки и светски вице-првенки Французинките и ракометарките на Шведска. 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) – ПОЛУФИНАЛЕ
Петок
НОРВЕШКА – ДАНСКА 29-28 по продолжение (23-23)
21.00  ФРАНИЦЈА – ШВЕДСКА 
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
Недела
16.00 за 3.место
19.00 Финале