Викендов ќе се играат натпреварите од 11-тото коло од женската Супер лига.

Фаворитите, во оваа рунда немаат тешки противници, па не би требало да имаат проблеми за да стигнат до новите бодови.

Денес ќе се одиграат четири натпревари.

На првиот натпревар Ѓорче Петров ќе го пречека тимот на Шампион, додека Чаир гостува кај Гевгелија. Металург Автокоманда го има за противник тимот на Пелистер, а екипата на Деспина ќе игра против Астибо.

Утре на програмата се закажани само два натпревари.

Скопје игра со екипата на Овче Поле, додека последниот натпревар од ова коло ќе го одиграат Кумановки кои ќе се соочат со Стружанка во спортската сала ,,Нико Нестор” во Струга.

Претходно се одигра еден натпревар во кој Вардар оствари победа над Спартак со 39:34.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 11.КОЛО
сабота
11.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН
14.00 ЧАИР СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА
15.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР
15.30 ДЕСПИНА –АСТИБО
недела
13.00 СКОПЈЕ – ОВЧЕ ПОЛЕ
14.00 СТРУЖАНКА – КУМАНОВО
одиграно во четвртокот
СПАРТАК – ВАРДАР 34-39

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 30 бодови, Вардар 25, Чаир 25, Металург Автокоманда 24, Куманово 24, Стружанка 19…

Ивона Кимовска