Избраниците на Жозе Мурињо со пресврт на гостински терен против Сасуоло дојдоа до победа од 2:1.
Сасуоло поведе со 1:0 во 25-тата минута со голот на Матеус Енрике по асистенцијата на Берарди.
По примениот погодок Рома продолжи да напаѓа и ја имаше целосната иницијатива на натпреварот.
Во 62-та минута играчот од средниот ред на Сасуоло, Даниел Болока, доби директен црвен картон и го напушти теренот.
Пауло Дибала со удар од белата точка во 76-тата минута изедначи на 1:1. А, по негова асистенција во 82-та минута Расмус Кристенсен и донесе предност од 2:1 на Рома.
До крајот Рома искусно го затвори натпреварот и извојува важна победа од 2:1.