Попладнево во Куманово требаше да се игра натпревар од 9.коло во Втората кошаркарска лига, но, тоа не се случи. 

Имено дуелот меѓу Куманово 2009 и Ангели не се одигра и ќе биде регистриран со службен резултат за гостите од Скопје.

Причинине неколку. Од техники аспект, не работеа двата мерачи на 24 секунди. Немало луѓе за записнички маса и најважно на натпреварот не се појавил доктор (што е предуслов да почне натпревар).

Така скопјани се „прошетаа“ до Куманово и ги освоија бодовите. Не дека нешто поразлично ќе беше ако се играше. Ова имајќи в предвид дека тимот кој до лани играше во Првата лига, во второлигашката конкуренција нема победа на осум натпревари.

Денеска веќе се одиграа два натпревари во кои Шкупи и МЗТ Скопје У.Б. славеа победи.

Во тек се дуелите во Маџари и Прилеп, а дербито во Шток ќе се игра утре.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота

МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ  во тек
МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС  во тек
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018 97-71
ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК 90-72
КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ не одиграна (0-20)
Недела
18.00 СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО