Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички со години е далеку од својот сјај.

Тоа најдобро се потврди на денешниот натпревар со Феникс кој Работнички го загуби. 

За тимот од „Градски парк“ ова беше четвртиот пораз сезонава во десеттиот одигран натпревар во Првата лига. 

Револтирани од конечниот исходот, а пред се залагањето на одредени играчи, навивачката група „Сити Парк Бојс“ ги повика играчите на „пеење“. 

Сметајќи дека со таков однос, игра и резултати „не го заслужувате дресот на Работнички“ кошаркарите беа натерани да ги соблечат дресовите.

Иако зад себе имаат стабилен спонзор, со кој се ветуваше атак на највисок пласман, сепак Работнички во овој момент е далеку од трката за тоа.