Откако вчеравечер се одигра дербито меѓу Вардар о Металург Автокоманда, викендов на програмата се останатите средби од 10.коло од женската Супер лига.

На денешната програма се закажани два натпревари.

Во нив екипите на Куманово и Ѓорче Петров ја имаат улогата на фаворити. Во првиот натпревар Куманово игра против екипата на Скопје, а шампион Ѓорче Петров гостува кај Гевгелија.

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат четири натпревари.

Екипата на Астибо во Штип го пречекува тимот на Спартак, а Деспина гостува кај Шампион. Тимот на Чаир ова коло има лесен противник, игра против екипата на Овче Поле во Свети Николе, а Стружанка ќе се соочи со Пелистер во Битола.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 10.КОЛО
сабота
13.00 ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
15.30 КУМАНОВО – СКОПЈЕ
недела
12.00 АСТИБО – СПАРТАК
12.00 ШАМПИОН – ДЕСПИНА
17.00 ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА
19.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
петок
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ А. 23-24

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 27 бодови, Металург Автокоманда 21, Вардар 22, Чаир 22, Куманово 21…

Ивона Кимовска