Ракометарите на Охрид пред својата публика славеа победа над Тиквеш во дербито од 12.коло на Супер лигата.
На средбата одиграна вечерва во СЦ „Биљанини Извори“, домаќините беа подобри од кавадарчани со 36-31.
Освен почетните 0-1 останатиот дел од натпреварот гостите беа во резултатска негатива. Се играше израмнето се до 20-тата минута (9-9), кога домаќините направија серија 6-2 и на пауза заминаа со четири разлика (15-11). Во ист ритам продолжија избраниците на Алушовски и во второто полувреме. Во ниту еден момент не му дозволија на противникот посериозно да се ја намали негативата. Водеше Охрид и со најголеми +9 (31-22), за на крајот да слави со пет голови разлика 36-31.
Расположени беа домашните ракометари за погодоци па така Цицар постигна 9, Орјоникидзе 9, Шешиќ 7, а Ојлески беше стрелец на 6 гола.
Во поразениот тим Стафановиќ реализира 7, а по 5 постигнаа Ани и Манасков.
За Тиквеш ова беше само втор пораз сезонава, но и по него кавадарчани остануваат втори зад несовладливиот Алкалоид. Охрид пак со 9-тата победа се зацврсти на третото место на табелата во „А„ групата.
Во „Б“ групата денеска се одиграа три натпревари со кои беше комплетирана рундата во оваа конкуренција.
А ГРУПА сабота ОХРИД – ТИКВЕШ 36-31 недела 19.00 АЕРОДРОМ – Е. ПЕЛИСТЕР 2 19.00 КУМАНОВО – СКОПЈЕ одиграно во петок СТРУГА – АЛКАЛОИД 17-29 | Б ГРУПА сабота БУТЕЛ СКОПЈЕ – Е. ПЕЛИСТЕР 30-33 ПРОЛЕТ – ГОЛДЕН АРТ 24-24 ПРИЛЕП – МУЛТИ ЕСЕНС 34-31 одиграно во петок ВАРДАР Неготино – ВАРДАР 22-36 |
ТАБЕЛА: Е. Пелистер 30 бодови, Вардар 33, Бутел Скопје 21, Пролет 19, Голден Арт 14, Прилеп 10, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 6. | ТАБЕЛА: Е. Пелистер 30 бодови, Вардар 33, Бутел Скопје 21, Пролет 19, , Голден Арт 14, Прилеп 10, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 6. |