Со натпреварот Работнички 2018 и Шкупи што ќе се игра вечерва (19часот), ќе стартува 8.коло во Втората кошаркарска лига.

Имајќи ги во предвид амбициите и досега прикажаното, тимот од скопски Чаир важи за апсолутен фаворит.

Истата улога ќе ја има и екипата на МКК Куманово која досега е единствената со максимален број на победи, а ќе игра против градскиот „ривал“ Куманово 2009 кој досега нема ниту една победа.

Тоа е еден од петте натпревари кои на програмата е претстојниот викенд.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) –  8.КОЛО
Петок
19.00 РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ
Сабота 
16.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ
18.00 МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009
20.30 ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
Недела 
18.00 ТЕТЕКС – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Маџари 13, Шкупи 12, Соколи 11, Ангели 11, Борец баскет 11, МЗТ Скопје У.Б. 11, Водно Санс 10, Мега Баскет 9, Работнички-2 9, Тетекс 8, Куманово 2009 7.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)