Со одигрувањето на синоќешните последни натпревари во квалификациите за ЕУРО 2024-та, формирани се и т.н. „шешири“. Остануваат уште три слободни места кои ќе бидат пополнети по баражите што се закажани меѓу 21 и 26 март 2024-та. 

Актуелниот европски првак Италија која која беше во групата со Македонија, ждрепката ќе ја чека од последниот четврти шешир.

Заедно со Азурите ждрепката ќе ја чекаат Србија, Швајцарија како и трите селекции кои преку баражот ќе обезбедат пласман на шампионатот.

Извлекувањето за баражите е закажано за утре во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион, а ждрепката за групите за ЕУРО 20240-та ќе се одржи на 2 декември (сабота) во 18 часот. 

Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.

БАРАЖ – ПОЛУФИНАЛЕ
Лига „А“
ПОЛСКА (1) – ЕСТОНИЈА (4)
ВЕЛС (2) – Финска / Украина / Исланд (3)
Лига „Б“
ИЗРАЕЛ (1) – Украина / Исланд (4)*,
БИХ (2) – Финска / Украина (3)*
Лига „Ц“
ГРУЗИЈА (1) – ЛУКСЕМБУРГ (4)
ГРЦИЈА (2) – КАЗАХСТАН (3)
БАРАЖ – ФИНАЛЕ

Лига „А“
Полска/Естонија – Велс/Финска/Украина/Исланд

Лига „А“
Израел/Украина/Исланд – БиХ/Финска/Украина

Лига Ц
Грузија/Луксембург – Грција/Казахстан