Најдобрата машка ракометната репрезентација на Македонија во јануари ја очекува нов настап на Европско првенство.
Како дел од подготовките за шампионатот што ќе се одржи во Германија, македонските ракометари ќе имаат и контролни натпревари.
Двомечот со Грција со која одиграа два дуели во Солун, сега во Скопје е одамна договорен. Но, денеска доаѓа и информација за дуел со Црна Гора.
Македонија и Црна Гора ќе играат во Стара Пазова и тоа на 29 декември.
По новогодишните празници ќе следуваат и двата дуели со Грција, како завршна подготовка за Европското.
Македонија ќе има тешка задача бидејќи е во исклучително силна група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.
Црвено-жолтите првенството ќе го почнат на 10 јануари со дуелот против Триколорите и тоа фудбалскиот стадион во Дизелдорф.