Дојде крајот на квалификациите за ЕУРО 2024 во Германија. Вечерва ќе ја добиеме последната селекција од овие квалификации која ќе се пласира на ЕП.
Од групата „Д“ останува Хрватска и Велс да решат која од нив ќе и се придружи на Турција.
Хрватите во дуелот со Ерменија сами решаваат за својата судбина. „Коцкестите“ имаат два бода повеќе од Велс кој ја пречекува водечката Турција која веќе се пласира на ЕП.
Во случај на победа на Велс, тогаш и Хрватите ќе мора да слават над Ерменија за да го освојат второто место на табелата, а со тоа и да се пласираат на ЕУРО 2024.
Досега познати се 20 директни учесници: Германија, Албанија, Австрија, Англија, Белгија, Данска, Шкотска, Шпанија, Франција, Унгарија, Италија, Холандија, Португалија, Чешка, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија и Турција.
Последните три учесници ќе бидат познати дури следната година по одигрувањето на натпреварите од плеј-офот. Тие се закажани за 21 (полуфинале) и 26 март (финале).
Европското првенство ќе се игра во 10 германски градови од 14 јуни до 14 јули 2024 година. Ждрепката ќе се одржи на 2 декември во Хамбург