Хрватска со победа над Латвија со 2:0 во гости се искачи на втората позиција на табелата во „Д“ групата.
Прекрасна игра покажаа Хрватите во првиот дел и во стартот ја преземаа иницијативата и контролата на натпреварот.
Со головите на Ловро Маер во 7-мата минута и Андреј Крамариќ во 16-тата минута, гостите дојдоа до предност од 2:0.
Понатамошниот тек на натпреварот беше само рутинска игра за избраниците на Златко Далиќ, кои ја оправдаа фаворитската улога.
Борбата на Хрватска за пласман на Европското првенство останува неизвесна до последниот натпреварот, кој го игра во вторник на домашен терен против репрезентацијата на Ерменија.