Настапот на трите македонски екипи во регионалната АБА2 лига е причината поради која викендов ќе се играат само четири натпревари.
Три од нив на програмата се денеска, еден утре, а колото ќе биде комплетирано во среда со два натпревари.
Инаку сите шест натпревари од оваа рунда ќе се играат во Скопје.
Во Кисела Вода, „фенерџијата“ Академија ФМП го пречекува гевгелиски Кожув. Час подоцна во големата сала на СЦ „Кале“ Работнички треба да ја потврди фаворитската улога против Охрид.
Во „Кале“ но во малата сала Вардар ќе го пречека Гостивар. За утре закажан е дуелот меѓу Феникс и кавадаречки Еуро Никел.
Среда е резервирана за дерби дуелите.
Чаир ќе го пречека битолски Пелистер, а шампионот МЗТ Скопје ќе му гостува на ТФТ во „Кале“.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – СЛЕДНО 8.КОЛО
сабота
17.00 АКДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ
18.00 РАБОТНИЧКИ – ОХРИД
19:00 ВАРДАР – ГОСТИВАР
недела
20.00 ФЕНИКС – ЕУРО НИКЕЛ
среда (22/11)
19.00 ЧАИР – ПЕЛИСТЕР
19.30 ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, Еуро Никел 12, Пелистер 12, ТФТ 12, Чаир 12, Работнички 11, Феникс 10, Гостивар 10, Вардар 10, Кожув 9, Охрид 8, Академија ФМП 7.