Репрезентацијата на Бразил го претрпе вториот пораз во квалификациите за Светското првенство 2026-та.
„Кариоките“ загубија со пресврт на гостувањето кај Колумбија со 1-2.
Иако натпреварот започна фантастично за Бразилците, сепак фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз со два гола за само четири минути и донесе победа на Колумбија.
Уште во 4.минута, по акцијата на Винициус, фудбалерот на Арсенал, Мартинели им донесе предност на Бразилците.
Во вториот дел односно 75-тата и 79-тата минута, Дијаз со двата гола направи пресврт за триумф на Колумбија со 2-1.
Со новите бодови, а вкупно 9, Колумбија се проби на 3.место на табелата, зад водечката Аргентина (12) и Уругвај (10).