Светското шампион Аргентина го претрпе првиот пораз по 16 одиграни натпревари. Ниту Лионел Меси кој играше фантастично на овој натпревар не им помогна на Аргентинците.

За тоа се погрижија Уругвајците кои ги поразија „гаучосите“ со 2-0 и тоа на гостински терен. На легендарната „Ла Бимбонера“ во Буенос Аирес, Аргентина не само што го прими првиот гол во квалификации за СП 2026, туку го претрпе и првиот пораз,

За тоа се погрижија фудбалерите на Барселона и Ливерпул.

Араухо во 41.минута со својот гол првенец во националниот дрес, му донесе водство на Уругвај.

Во вториот дел односно 57.минута, Меси имаше шанса за израмнување. Неговиот удар заврши во гредата на уругвајскиот гол.

Се обидуваа светските прваци да стигнат до израмнување, но тоа не им успеа. Напротив.

На три минути пред крајот (87), по еден брз против напад, Дарвин Нуњез го постигна вториот гол и ја потврди победата на својата селекција.

Со трите освоени бодови и вкупно 10, Уругвај изби на второто место на табелата со два бода повеќе од водечката Аргентина.

Следната шеста рунда ќе се игра во вторник (22 ноември), а дербито е меѓу Бразил и Аргентина.