Вечерта во НБА лигата ја одбележа настапот на Кевин Дурент го предводеше Феникс со победа на гостински терен над Детроит.
„Сонцата“ славеа со 120:106, а Дурент натпреварот го заврши со 41 поен, пет асистенции и четири скока. Го следеше Гордон со 21 поен, осум скока и пет асистенции. За Феникс ова беше само трета победа во седумте натпревари, а Детроит го претрпе петтиот пораз.
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа творци на победата на Далас на дуелот со Шарлот со 120:106. На Лука му недостасуваше еден скок да оствари трипл-дабл, а натпреварот го заврши со 23 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Голема поддршка Словенецот имаше од Кајри Ирвинг кој реализира 18 поени, а додаде и 10 асистенции.
Изненадувањето во Охајо. Донован Мичел ги предводеше Кавси до победата против Голден Стејт со 115:104. До првиот триумф на Воините по пауза од 2016-година, Кливледн дојде со 31 поен и седум асистенции на Мичел, додека Гарланд додаде 24 поени. На Голден Стејт не му помогнаа ни седум тројки на Стеф Кари кој заврши со 28 поени. За Воините ова беше прв пораз сезонава.