Кошаркарите на Чаир се радуваа на петата победа сезонава во Првата машка лига. Чаирчани пред својата публика не знаат за пораз, па и по негативата од 17 поени успеа да слават.
Гостите од Гевгелија одлично го почнаа натпревари. Пред се функционираше шутот за три поени, Реализираа шест тројки па на крајот на првата четвртина Кожув водеше со 28:22.
До крајот на полувремето веќе реализираа десет тројки, а тоа им донесе уште поголема предност од дури 17 поени (50:33).
Но. недоволно се покажа тоа за гостите. Чаирчани со дури 30 постигнати поени во третата четвртина се вратија во игра и во последниот период влегоа само со -3 (63:66). Тоа им даде дополнителен мотив на домаќините кои предводени од Мофит кој постигна од 32 поени на крајот заслужено славеа со 88:84.
Во победничката екипа се истакна и Корбет кој оствари дабл-дабл со 19 поени и 11.скока, додека Нацевски додаде 12 поени.
Кришнан ја предводеше листата на стрелците во екипата на Кожув. Американскиот бек реализираше 22 поени, Караџовски постигна 21, Хукиќ заврши со 17 поени.
Со оваа победа Чаир се израмни со МЗТ Скопје и ТФТ. И двата тима славеа победи во совие натпревари од ова коло, па сега трите екипи имаат по 11 бодови.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
Сабота
ТФТ – ГОСТИВАР 79-70
ЧАИР – КОЖУВ 88-84
Недела
18.00 ВАРДАР – АКДЕМИЈА ФМП
19.00 РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ (без присуство на публика)
20.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР
Петок
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 73-98
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, Чаир 2030 11, ТФТ 11, Еуро Никел 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 8, Гостивар 8, Вардар 7, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 5.