Избраниците на Еди Хоу извојуваа победа од 1:0 на домашен терен против Арсенал. Стрелец на победничкиот погодок беше Ентони Гордон.
Очекувана груба и цврста игра покажаа играчите од страна на двете екипи во првото дерби од 11.коло во Премиер лигата.
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Гордон, кој во 64-тата минута ја погоди празната мрежа на противникот по пропустот во одбраната на Арсенал за 1:0.
По примениот погодок во својата мрежа, тимот на Микел Артета се пресели на противничката половина, обидувајќи се да дојде до позитивен резултат.
Но, надежта на „топџиите“ за барем гол во завршницата ја прекина Стјуарт Атвел, кој досуди крај на овој натпревар.