Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 13 часот ќе се одиграат 4 натпревари од 13-тото коло.
Екипата на Работнички после лошите резултати направи промена на тренерската позиција и на денешниот натпревар очекуваат со победа да започнат ново поглавје. Силекс се наоѓа во борба за местата кои носат излез во Европа, меѓутоа ова за нив ќе биде исклучително тежок натпревар.
Во Кавадарци гостува екипата на Гостивар која нема пораз на последните 5 натпревари. Кавадарчани на свој терен пред верните лозари секогааш играат одличен фудбал и ќе се обидат да им ја прекинат серијата без пораз на гостите.
Брегалница на домашен терен во Штип ќе се обиде да ја искористи лошата форма на лавовите од Ѓорче и да запише нова победа. Ситуацијата во таборот на Македонија ЃП е алармантна бидејќи се наоѓаат на само бод од последното место. Можеби токму овој натпревар ќе значи пресврт и излез од кризата.
Воска Спорт во Охрид ќе ја угости екипата на Брера Струмица. Струмичани после воведните 4 победи на исто толку натпревари, како да заборавија што е тоа победа. Дали денешниот натпревар ќе им ја продлабочи лошата серија без победа или можеби конечно ќе успеат да запишат нова победа, останува да видиме.
13-тото коло ќе се комплетира утре со натпреварите помеѓу Шкупи – Вардар, односно Струга ТЛ – Шкендија.
ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
сабота (од 13 часот)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – БРЕРА СТРУМИЦА
недела (од 13 часот)
СТРУГА Т.Л. – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВАРДАР