Одбојкарскиот шампион на Македонија, тимот на Струмица го заврши настапот во квалификациите од ЛШ со нов пораз и без освоен сет.
Нашиот претставник во ЛШ на овој турнир во Бургас, Бугарија играше со подмладен состав ослабени без странските засилувања.
За Струмица ова беше трет пораз во исто толку мечеви. Денеска беа поразени од унгарскиот претставник Фино Капошвар со убедливи 3-0 во сетови
На турнирот од првата група, Струмичани загубија со резултат (20-25, 15-25 и 18-25)
Струмица пружи достоен отпор само во првиот сет кои го загубија со 25-20, а во останатите два сета доминираше Капошвар.
Потсетување дека на овој турнир струмичани настапуваат без странските засилувања, кои не добија дозвла од ЦЕВ.