Вицепрвакот во ракометната Супер лига Алкалоид продолжува со максималниот учинок во домашното првенство. Во дуелот од 9.коло Алкалоид го совлада Охрид со 30:24 (15:12). Алкалоид по денешниот дуел има 27 бодови во А група и се наоѓа на првата позиција.
Дуелот почна со водство на гостите во 3:1 и потоа 7:6, а потоа домашниот тим имаше серија од 4-0 и Алкалоид поведе со 10:7. Предноста од три разлика домашниот тим ја зачува до крајот на првиот кој заврши со 15:12. Во вториот дел Алкалоид постепено ја зголемуваше предноста и во финишот достигнаа до највисоки +6 (27:21). Со таа разлика и заврши натпреварот.
Мартин Серафимов и Арно Бинго со по 6 голови беа најефикасни кај Алкалоид, додека Владимир Бојаниќ и Теимураз Орјоникидзе во редовите на Охрид беа стрелци на 6 голови.
Поради репрезентативните обврски првенството ќе биде во прекин, а следното коло ќе се игра на 11-12.ноември.