Во воведниот натпревар од 12.коло на ПМФЛ, во Кратово, Силекс и Брегалница.

Првиот дел заврши без голови, а двете екипи можат да жалат за пропуштеното.

Најголемата шанса за гол во првиот дел ја имаа домаќините, односно Ѓорѓиевски чиј обид со глава во 17.минута загреши во пречката на Брегалница.

Гостите од Штип се заканија во финишот односно 41-та и 42.минута. Обидот на Роналдо го скроти домашниот голман Андов, додека Андерсон од само 3-4 метри не ја погоди празната мрежа.

Иако се играше отворено и во вториот дел стрелците не беа на нивото, па резултатот остана не променет, печениот 0-0. 

Останатите пет натпревари од ова коло ќе се играат утре во терминот од 14 часот.

ПРВА ЛИГА 12 КОЛО
сабота
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
недела (од 14 часот)
ГОСТИВАР – СТРУГА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА

Standings provided by Sofascore