По репрезентативната пауза на стартот од 9.коло во Премиер лигата, екипата Ливерпул извојува победа со 2:0 над градскиот ривал Евертон.

Во првиот дел тимот на Јирген Клип, ја имаше целосната контрола на натпреварот, но не успеа да постигне погодок.

Пред крајот на првиот дел, десниот бек на Евертон, Ешли Јанг, го доби својот втор жолт картон на натпреварот и беше исклучен во 37-та минута.

„Црвените“ во второто полувреме ја продолжија иницијативата и го притиснаа противникот на својата половина.

Надежта на Евертон згасна во 75-тата минута, кога Мохамед Салах прецизно биеше од пенал за 1:0. Истиот играч во финишот на натпреварот (90+7) зголеми на 2:0 и му донесе триумф на домаќинот.