Англија со победа над Италија од 3:1 се пласираше на Европското првенство во Германија.
Натпреварот го отвори Џанлука Скамака во 16-тата минута за водство на гостинот од 1:0.
Репрезентацијата на Англија пред паузата успеа да дојде до изедначување (1:1). Стрелец на голот беше Хари Кејн, кој прецизно биеше од белата точка во 32-та минута.
Во вториот дел домаќините дојдоа до пресврт во 57-та минута, со голот на Маркус Рашфорд.
Додека Кејн со својот втор гол вечерва за 3:1 во 77-та минута, ја потврди победата на својата репрезентација.
Со оваа победа Англија обезбеди пласман на Европското првенство, a на Италија и останува да се бори со нашата репрезентација и Украина.