Ракометарите на Вардар ја остварија и седмата победа во домашното првенство.

Во последниот натпревар од 7.коло, вардарци како гости во „Јане Сандански“ го победија Голден Арт со 32-21.

Уште во раната фаза на натпреварот Вардар создаде голема предност поведувајќи со 8-1. Иако на полувремето домаќините намалија на -3 (11-14), сепак немаа сили да ми се спротивстават на фаворитот.

За победничката екипа, по 8 голови постигнаа Хансер Родригез и Матија Николиќ, додека кај Голден Арт, најефикасен беше Тоше Ончев со 5 гола.

Вардар и Алкалоид кој во оваа рунда беше подобар од Тиквеш, се единствените екипи кои имаат максимални седум победи.

Во следното 8-мо коло (претстојниот викенд) Вардар ќе го игра „Супер дербито“ со Еурофарм Пелистер во Битола.