Избраниците на Иван Марковски стигнаа до нова – втора победа во првенството откако денска го совладаа Вардар Неготино со 30:27 (15:14).

Ова беше натпревар од 7.коло од Б групата по кој Мулти Есенс остана на 7.место со шест бодови, а Вардар Неготино е последен во групата без бодови.

Почетокот на дуелот беше во знак на гостите кои поведоа со 5:3, но по двете исклучувања на гостите Мулти Есенс имаше серија од 4-1 за водство од 7:6. Првиот дел заврши со гол предност за домашните (15:14), откако резултатот беше изедначен 12 пати.

Во вториот дел на почетокот беше 15:15 и 16:16, а потоа по серијата од 3-0 на Мулти Есенс домашниот тим поведе со 19:16 со што ја најави победата. Во финишот на натпреварот при резултат од 24:22 за Мулти Есенс домашниот тим направи уште едена серија од 3-0 за највисоки + 5 (27:22) со што беше најавена победата.

Најефикасен на дуелот беше беше Божидар Илиески со 10 голови, а голманот на Мулти Есенс Ѓорѓи Ерманоски имаше 10 одбрани.

Кај гостите од Неготино, Лазара Адамовиќ постигна шест голови (пет во првиот дел), голманот Александар Мицев покрај 8-те одбрани постигна и два гола.

На вториот натпревар одигран денеска од „A“ групата Аеродром загуби од Струга со 25:31.