Актуелниот шампон Еурофарм Пелистер ја оствари шестата победа во домашното првенство.
Откако пред два дена гостуваа во Париз, попладнево пелситерци го одиграа натпреварот од 7.коло во „Б“ суперлигашката група.
Битолскиот тим ја оправда фаворитската улога и во дуелот со Прилеп кого го совлада со 42-29.
Гостите беа рамноправни во првите 20-тина минути и имаа само еден гол негатива. Сепак веќе на полувремето Пелистер замина со +4 (18-14).
Во вториот дел речиси на секој трет гол на Пелистер, противникот возвраќаше со еден, па на крајот Пелистер славеше си убедливи +13 (42-29).
Со по 9 постигнати голови најефикасни во победничкиот тим беа Ненад Костески и Емилијан Ѓорговски.
Со оваа победа Пелистер се проби на 1.место на табелата со 18 бодови колку што има и Вардар кој својот меч од ова коло против Голден Арт ќе го игра во понеделник.
Денеска се играат уште два натпревари.