Додека на европскиот континент се играат квалификациите за ЕП 2024, Јужноамериканците, ги играат квалификациите за Светското првенство 2026-та.

Актуелните светски шампиони Аргентина, предводена од Лионел Меси, го победи Парагвај со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Николас Отаменди  уште во 4-тата минута. Со оваа победа Аргентинците останаа единствената селекција која има максимални три победи.

Ова откако Бразил одигра без победник 1-1 во дуелот со Венецуела. Габриел во 50-тата минута им донесе предност на кариоките, а Бељо во 85-тата ги постави конечните 1-1.

ЈУЖНА АМЕРИКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026
Колумбија – Уругвај 2-2
Аргентина – Парагвај 1-0
Боливија – Еквадор 1-2
Чиле – Перу 2-0
Бразил – Венецуела 1-1