Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почнува квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Македонските ракометарки квалификациите ја пречекуваат селекцијата на Азербејџан во натпревар од 5-тата група.
Ова е првиот од двата натпревари кои црвено-жолтите ќе ги играат во овој октомвриски циклус.
Четири дена подоцна (15 октомври) Македонија ќе гостува во Вилнус. Натпреварот против Литванија ќе се игра во терминот од 15 часот.
Покрај овие две селекции, Македонија за противник во групата „5“ ќе ја има и Шпанија.
Двомечот со „црвената фурија“ е на следната година на 28 февруари дома и на 2 март на гостински терен.
Пласман на ЕП ќе обезбедат двете прво рангирани селекции па затоа од исклучителна важност е со победа да се почнат квалификациите.
Денешниот натпревар Македонија – Азербејџан ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 18 часот.
Влезот на натпреварот е слободен.