Четири натпревари се играат денеска од воведното 1.коло на Втората кошаркарска лига.
Дербито се одигра во Кисела Вода каде искусната екипа на Шкупи го совлада тимот на Ангели.
Иако домаќините добро го почнаа натпреварот и водеа со 11-7, во продолжението составот од Чаир направи пресврт. Шкупи постигна 13, а прими само 2 поени и на првата пауза замина со предност 21-13. Во ист ритам продолжија гостите кои во 14.минута имаа и најголеми +16 (31-15). Но, сега домаќините беа оние кои возвратија, па со серијата 18-4, на полувреме Ангели заминаа со четири негатива (33-37).
И во второто полувреме речиси иста слика на теренот. Шкупи ќе поведеше со двоцифрена предност, а Ангели ќе намалеа. Брзоплетоста и не резонските завршници на домаќините во нападот, пресудија за победата. На неа се радуваа гостите од Чаир со конечни 70-60.
Тоа беше и единствената победа за гостинските екипи во досегашните пет одиграни натпревари.
Предноста на домашниот терен ја искористија екипите на Водно Сан, МЗТ Скопје У.Б. и Мега Баскет.
Во најефикасниот натпревар Водно, по две продолженија, беше подобар од новајлијата меѓу второлигашите Маџари, додека младите аеродромци го совладаа штипските Соколи. Во Прилеп, екипата на Мега Баскет го декласира „до вчерашниот“ прволигаш Куманово 2009 со 54 разлика.
Во петокот МКК Куманово беше исто така убедлив во дуелот со Тетекс.
Првото коло ќе биде заокружено утре со натпревари Работнички 2 – Борец Баскет.
ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
сабота
ВОДНО САНС – МАЏАРИ 98-92 (две продолженија)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – СОКОЛИ 59-56
АНГЕЛИ – ШКУПИ 60-70
МЕГА БАСКЕТ – КУМАНОВО 2009 121-67
недела
17.00 РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
петок
МКК КУМАНОВО – ТЕТЕКС 100-66