Супер интересни и многу ефикасни натпревари се одиграа вечерва во рамките од 2.коло од Лигата на шампионите.
Во дербито одиграно во Неапол, мадридски Реал со пресврт и многу среќа го совлада италијанскиот првак Наполи со 3-2.
Домаќините први поведоа со голот на Остигард (19.минута), во продолжението гостите постигнаа два гола. Винициус кој се врати по повредата израмни на 1-1 (27.минута). Фантастичниот Џад Белингем по соло акцијата во 34-минута му донесе предност на Реал од 2-1. Во вториот дел односно 51-минута Начо Родригез играше со рака во шеснаесетникот на Реал. По сугестија од ВАР собата беше досудена најстрога казна која за израмнување на 2-2 ја реализира Зелински.
Возбудувањата и головите тика не престанаа. Во 78-та минута по ударот на Валверде топката го заврши во гредата, па од грбот на домашниот голман Марет во мрежата на Наполи, за победа на Реал од 3-2.
Од останатите натпревари издвојуваме.
На ,,Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед два пати водеше против Галатасарај, но турската екипа успеваше да израмни. Икарди во 78.минута не реализира пенал, но Италијанецот три минути подоцна му донесе водство и победа на својот тим.
Арсенал имаше предност на гостувањето кај Ленс, но францускиот тим се радуваше на победа.
Пресврт победа забележа и минхенски Баерн на гостувањето кај Копенхаген.
Сите голови од денешните натпревари во Лигата на шампионите, може да ги видите овде.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 2.КОЛО
А група
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ГАЛАТАСАРАЈ 2-3
КОПЕНХАГЕН – БАЕРН МИНХЕН 1-2
Б група
ЛЕНС – АРСЕНАЛ 1-2
ПСВ – СЕВИЉА 2-2
Ц група
УНИОН БЕРЛИН – БРАГА 2-3
НАПОЛИ – РЕАЛ МАДРИД 2-3
Д група
САЛЦБУРГ – РЕАЛ СОСИЕДАД 2-2
ИНТЕР – БЕНФИКА 1-0